Американскиот актер и комичар Робин Вилијамс беше пронајден мртов во својот дом во Тибурон, Калифорнија. Имаше 63 години.
Во последните месеци Вилијамс се борел со тешка депресија и се претпоставува дека причината за смртта е самоубиство.
„Утрово го изгубив мојот сопруг и мојот најдобар пријател, а светот изгуби еден од најсаканите артисти и најубавите човечки суштества“ – се вели во соопштението на сопругата на Вилијамс, Сузан Шнајдер.
„Good Morning, Vietnam“, „Dead Poets Society“, „Awakenings“, „Mrs. Doubtfire“, „Jumanji“, „Night at the Museum“ и „Happy Feet“ се само дел од многуте филмови со кои Вилијамс допре до огромна публика, а „Good Will Hunting“ му донесе заслужен Оскар за споредна улога.
Саканиот актер ќе остане запаметен по заразната насмевка и веселиот дух.