Почетна » Новости » Занимливости » Видео со Робин Вилијамс кое пренесува силна порака ќе ви ги насолзи очите

Видео со Робин Вилијамс кое пренесува силна порака ќе ви ги насолзи очите

Емотивно видео создадено во чест на талентираниот актер Робин Вилијамс ќе ви ги насолзи очите. 4-минутната компилација од сцени на Вилијамс покажува колку многу неговиот карактер, ведрина и заразна насмевка недостигаат во светот на филмот и пренесува силна порака.

Видеото „sunrise“ започнува весело, а продолжува со зборовите на Вилијамс: „Јас сè уште постојам, јас сè уште постојам“.

Потоа следува дел од говор на Вилијамс од филмот „Џек“, во кој актерот вели: „Те молам, не се грижи толку многу. На крајот на краиштата, никој од нас нема да живее долго на Земјата. Животот лета. И ако некогаш си вознемирен, погледни кон летното небо кога ѕвездите се нанижани низ ноќта. И кога ѕвезда која паѓа ќе светне од темнината, претворајќи ја ноќта во ден... посакај нешто и помисли на мене. Направи го твојот живот спектакуларен, знам дека јас го направив мојот“.

„Посакувам да беше сè уште тука. Толку многу си сакан и толку многу ни недостигаш. Се надевам дека твоето големо, големо срце патува со брзина на светлината како што отсекогаш правело. Донесе многу среќа во мојот живот. Ти благодарам за тоа. А за сите кои се борат со депресијата, сакам да им порачам да не се откажуваат. Ако се најдете на темно место, издржете и запомнете дека сте сакани и дека не сте сами. Секогаш постои надеж“ – пишува во описот на видеото.

Робин Вилијамс си го одзеде животот на 11 август 2014 година на 63-годишна возраст. Тој страдаше од тешка депресија, а непосредно пред смртта му беше дијагностицирана и рана фаза на Паркинсонова болест.

Видео од филмот „Џек“

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 18975 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.