Почетна » Новости » Занимливости » ФОТО: 24 слаткари му оддадоа почит на Робин Вилијамс

ФОТО: 24 слаткари му оддадоа почит на Робин Вилијамс

Талентирани слаткари создадоа 24 торти во чест на животот и делото на Робин Вилијамс. Секоја од нив претставува по еден од филмските ликови на талентираниот актер.

„Слатката“ соработка „Legacy of Laughter“ се случила на 10 септември, кога се одбележува Светскиот ден за спречување на самоубиства.

Робин Вилијамс Робин Вилијамс Робин Вилијамс

„Робин ни покажа на сите нас дека депресијата може да ги засегне и личностите кои најмалку очекуваме. Робин, ти несебично се бореше со своите демони за да им донесеш среќа и смеа на многумина. Ти нè стави нас на прво место и го сподели твојот талент и радоста кон животот не задржувајќи ништо за себе. Ѕвездите не можат да светат без темнина... А твојата ѕвезда ќе продолжи да сјае за сите нас“ – рекла во својата изјава една од учесничките, која го создала ликот на Вилијамс од „Night at the Museum“.

Робин Вилијамс

„Мојата борба со депресијата и анксиозноста е главната причина што започнав да декорирам торти. Се надевам дека оваа соработка ќе допре до некого пред да биде предоцна“ – рекол слаткарот Мери Томцак, кој го претставил ликот на Робин од филмот „What Dreams May Come“.

Робин Вилијамс се самоуби на 11 август 2014 година. Тој страдаше од тешка депресија, а непосредно пред смртта му беше дијагностицирана и рана фаза на Паркинсонова болест.

Робин Вилијамс Робин Вилијамс Робин Вилијамс Робин Вилијамс Робин Вилијамс Робин Вилијамс Робин Вилијамс Робин Вилијамс Робин Вилијамс Робин Вилијамс Робин Вилијамс Робин Вилијамс Робин Вилијамс Робин Вилијамс Робин Вилијамс Робин Вилијамс Робин Вилијамс Робин Вилијамс Робин Вилијамс Робин Вилијамс

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 18975 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.