Робин Вилијамс реши да му даде на бракот уште една шанса. Популарниот комичар се оженил со својата партнерка Сузан Шнајдер.
60-годишниот актер по третпат го изговорил судбоносното „да“ на приватна церемонија во Калифорнија. Информациите за венчавката ги потврди и неговиот гласноговорник.
Робин и Сузан се запознале во 2009 година, кратко време пред на популарниот актер да му биде направена операција на срцето. Според информации од странските медиуми, Сузан му помогнала на Робин да си го врати здравјето.
Вилијамс се разведе од својата втора жена во 2008 година, а има три деца од двата претходни брака.