Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Ријана ќе креира колекции шминки за MAC

Ријана ќе креира колекции шминки за MAC

Ријана се активира на многу различни полиња. По презентирањето на првата модна колекција за River Island, 25-годишната пејачка склучи и договор за влегување во козметичкиот бизнис.

MAC ја ангажира Ријана за создавање на четири колекции шминки. Популарниот бренд ќе ги објави колекциите со потписот на Ријана во текот на претстојната година.

Ријана

Ријана изјавила дека е пресреќна што ќе може да соработува со квалитетен бренд. „Кога помислуваш на шминка, првото нешто што ти паѓа на ум е MAC. Отсекогаш сум сакалa шминка и секогаш сум велела дека ако правам соработка, сакам да биде со доверлив бренд“ – рекла таа.

РијанаКолекцијата на Ријана за MAC

МАС претходно соработуваше со Лејди Гага, Ники Минаж и Рики Мартин, но ова е прва нивна посериозна поврзаност со светски позната ѕвезда. „Секогаш велиме дека MAC сака да оди на состаноци, но не сака да влегува во врска. Оваа врска со Ријана е долготрајна“ – изјавил Џон Демси, претставник на компанијата.

Најпрво ќе биде лансиран карминот RiRi Woo, инспириран од познатиот кармин на MAC, Ruby Woo.

Кампањата за есенската и празничната колекција е дело на фотографското дуо Мерт и Маркус. Ријана неодамна објави фотографија од снимањето на кампањата, но ја зачува во тајност информацијата за кој бренд станува збор.

Ријана

Вчера беа објавени и рекламните фотографии за модната колекција на Ријана за River Island, која собра многу негативни критики од модните експерти, но многу комплименти од фановите.

Ријана Ријана Ријана Ријана Ријана

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20838 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.