Ричард Гир по вторпат ќе стане татко. 69-годишниот актер и неговата 35-годишна сопруга Алехандра Силва го очекуваат своето прво заедничко дете.
Веста за бременоста ја објави Силва, заедно со фотографија со Далај Лама. „Многу специјален момент се случи пред само неколку минути... Добивме благослови за нашето скапоцено кое е на пат... Не можевме да објавиме за бременоста пред да му кажеме на Далај Лама“ – напиша таа.

Гир се смета за тибетски будист и е активен поддржувач на Далај Лама.

Ричард и Алехандра ја започнаа својата врска во 2014 година, а ја крунисаа со брак изминатиов април.
Ова ќе биде второ дете за Гир кој има 18-годишен син со поранешната сопруга Кери Ловел и второ дете за Силва која има 5-годишен син од претходниот брак.