Рита Ора посветено тренира за да го одржува телото во топ форма. Тоа несомнено ѝ успева.
34-годишната пејачка изгледаше атрактивно во неонски бикини на плажа во Австралија каде беше придружувана од татко ѝ Бесик Сахатчију. Музичарката, која е родена во Приштина, беше фотографирана во Златен Брег во Квинсленд, а нејзиното тонирано тело ѝ донесе бројни комплименти.
Таа сподели фотографија на Instagram и напиша: „36 степени“.
Неодамна, Рита го напушти шоуто „The Masked Singer“ за да создава нова музика.
Зборувајќи за својата фитнес рутина, таа рекла дека нејзиниот изглед не се должи само на кревање тежина, туку и на пилатес часовите.
„Може да одам трипати неделно во фитнес сала, а потоа дефинитивно ќе одам на пилатес, па не е секогаш само кревање тегови“ – рекла таа.
„Секогаш патувам со тегови од 1-2 килограми и со ластик со среден отпор. Ако не можам да одам на тренинг, едноставно ставам тегови на глуждовите и ги носам на мене кога сум во град или низ дома“ – додала Рита.
Поп ѕвездата се храни здраво и пие околу 2 литри вода дневно, а нејзина цел е да биде здрава и силна, а не слаба.
„Не започнав да вежбам за да ослабам. Започнав да вежбам за да се чувствувам подобро и мислам дека е важно жените да го знаат тоа. Не се опседнувајте со тоа да бидете слаби. Треба да бидете фит, здрави и силни. Јас станав малку посилна и тоа е големо постигнување за мене“ – вели Ора.
@ritaora Leg day at home with @HumansBeingTogether I'd usually do this with exercise bands to make it harder!! Super quick workout to start the day, it's so much fun ️ #gymtok ♬ You Only Love Me - Rita Ora
@oraarchive I love seeing @ritaora workouts!! #ritaora ♬ original sound - oraarchive