Рис Витерспун и Ештон Кучер во моментов ја промовираат нивната нова романтична комедија, „Your Place or Mine“.
На настан за фоторепортерите во Лос Анџелес, актерското дуо се шегуваше за меѓусебната разлика во висината. 44-годишниот актер кој е висок 189 сантиметри потклекна за да биде со иста висина колку 46-годишната актерка висока 154 сантиметри.
Во „Your Place or Mine“ Рис (Деби) е посветена самохрана мајка која живее во Лос Анџелес, додека Ештон(Питер) сака да си го промени ергенскиот живот во Њујорк. Како нејзин добар пријател, тој ветува дека една недела ќе се грижи за нејзиниот син и за нејзиниот дом, за таа да може да ужива во неговиот стан и авантурите кои ќе ѝ ги понуди Њујорк.
На крајот и двајцата сфаќаат што е она што навистина го сакаат во животот.
„Your Place or Mine“ ќе започне да се прикажува на 10 февруари на Netflix.