Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Рики Мартин: „Јас сум среќен хомосексуалец“

Рики Мартин: „Јас сум среќен хомосексуалец“

Поп ѕвездата Рики Мартин преку својот веб сајт објави дека е хомосексуалец. Популарниот латино пејач долги години беше тивок во врска со својот личен живот, но конечно реши да ја каже вистината.

Во пораката стои дека пишувањето на неговите мемоари и помислата за неговите два сина го натерале јавно да се соочи со вистината.

Рики МартинРики Мартин јавно призна дека е хомосексуалец.

„Да продолжам да живеам како што сум живеел досега би значело индиректно да ја затемнам светлината со која беа родени моите деца. Доволно е. Ова мора да се промени. Ова не требаше да се случи пред 5 или 10 години, треба да се случи сега. Денес е мојот ден, денес е моето време и ова е мојот момент“ – пишува 38-годишниот пејач.

На крајот на обраќањето до јавноста стои и признанието:

Горд сум што можам да кажам дека сум среќен хомосексуален маж. Многу сум благословен да бидам она што сум.

Рики Мартин

До пред извесно време Мартин остро ги негираше гласините дека е хомосексуалец. Така на пример, во интервју за The Mirror во 2000г., тој изјавил: „Претпоставувам дека гласините се шират од луѓе што немаат свој живот или можеби затоа што сакаат да бидам повеќе како нив, а јас не сум. Се обидувам да не им обрнувам внимание на тие тврдења. Можев да бидам оженет и да имам деца со години или да имав 27 девојки, и ако луѓето сакаат да кажуваат наоколу дека сум геј, тие повторно ќе го правеа тоа.“

За списанието Plus 7 Days пред неколку години рекол: „Ако сум геј, зошто не би признал? Јас сум нормален маж, кој сака жени и секс. Јас сум вистински Порториканец со жешка крв, но никогаш не ме привлекувале мажи“. Вчера стана јасно дека не било баш така.

Рики Мартин има продадено повеќе од 60 милиони албуми и е добитник на неколку Греми награди. Во 2008г. стана татко на две момчиња-близнаци, кои му ги роди сурогат мајка. Списанието People на два наврати го вброи во 50-те најубави луѓе на светот.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19803 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.