Рики Мартин присуствуваше на хуманитарната гала на amfAR (Американската фондација за истражување на сидата) која се одржа во Бразил. Познатиот пејач за првпат се појави на свечен настан заедно со својот нов партнер Јван Јосеф.
44-годишниот музичар и 31-годишниот артист чекореа на црвениот тепих фатени за рака и прегрнати позираа пред фоторепортерите.




„Ме привлекуваат и мажи и жени и јас не верувам во сексуални етикетирања. Ние едноставно сме човечки суштества со емоционални и сексуални потреби“ – изјави неодамна Рики Мартин во интервју за мексиканското списание „Fama!“.
На настанот во Сао Паоло, обожавателка на Рики Мартин плати 90.000 долари само за да добие негов бакнеж. Средствата кои беа собрани на добротворната манифестација ќе бидат наменети за потпомагање на борбата против сидата.