Почетна » Новости » Шоу-бизнис » „Раша заслужува да му ги мијам нозете кога ќе дојде дома“: Гоца Тржан за големата љубов со вториот сопруг

„Раша заслужува да му ги мијам нозете кога ќе дојде дома“: Гоца Тржан за големата љубов со вториот сопруг

Гоца Тржан секогаш отворено зборува за огромната љубов која ја имаат со сопругот Раша Новаковиќ.

50-годишната српска пејачка гостуваше на ТВ „Hype“ каде се отвори за својот живот, за првиот брак од кој ја има ќерката Лена, како и за среќата која ја пронашла со Раша.

Гоца Тржан

„Мажот кој ќе се впушти во врска со постара жена која има дете е повеќе од храбар маж. Зошто? Затоа што во тој брак не го носиш само детето, туку го носиш и поранешниот сопруг, поранешната свекрва и поранешната фамилија, а јас, како Гоца Тржан, не го донесов само тоа, туку донесов и медиумски будалштини“.

„Тој човек очигледно толку многу ме сака и толку ми е посветен и толку заслужува да му ги измијам нозете кога ќе си дојде дома. Не му ги мијам нозете, но му ги масирам стапалата понекогаш кога ќе видам дека е уморен. Никогаш не си дошол дома, а да не го пречекам јас без разлика колку е часот. Дури и ако заспијам и слушнам дека е касно и дека дошол, ќе станам за да го прашам дали е уморен или гладен“ – рекла Гоца.

@hypetelevizija SADA I OVDE | Goca Trzan o svom suprugu Rasi... Specijalno izdanje PodCasta @snekidakic je na nasem kanalu #hypetv ♬ original sound - HYPE TV

Познатата музичарка била мета на многу предрасуди, а и самата ги имала, пред да започне врска со 14 години помлад маж.

„Кога ми рече дека се заљуби во мене, му реков: ‘Ајде бе мали, ова прво им го кажуваш на сите, а второ јас сум разведена и имам дете од 4 години’. Тој ми рече: ‘И? Не разбирам во што е проблемот’“.

„Ако подлегнев на предрасудите на околината, па дури и на своите, јас ќе ги изгубев најубавите 13 години во животот и најголемата љубов. Најдобро изгледам откако сум со него, најубаво се чувствувам откако сум со него. Утре да ми рече дека е готово, јас би му рекла: ‘Фала ти љубов на овие години. Не можам да ти објаснам колку ми значеа’“ – рекла Гоца.

Гоца Тржан

Таа не крие дека со Раша со години се обидувале да имаат дете, но неуспешно.

Парот стапи во брак на 20 септември 2015 година.

Гоца Тржан Гоца Тржан Гоца Тржан

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20989 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.