Филип Кузмановски за многу кратко време ќе стане татко. Убавата вест тој ја откри преку фотосесија со сопругата Моника.
Македонскиот ракометар и неговата избраничка позираат за фотографии на кои таа го покажува големото трудничко стомаче. Тие во рацете држат весник на кој пишува: „Бебето доаѓа наскоро. Пристигнува во октомври 2024“.
Филип и Моника стапија во брак во октомври 2019 година, а поради одложување за пандемијата, нивната свадбена прослава беше одложена за јули 2022.