Кога и да се појават заедно на свеченостите, Ева Лонгорија и Карли Клос мамат насмевки поради големата разлика во висината. 41-годишната актерка и 24-годишниот модел позираа една покрај друга пред бројните фоторепортери на прославата „Woman of Worth“ во Њујорк.
Разликата е повеќе од очигледна. Карли е висока 188 сантиметри, а Ева 157 сантиметри.
На Instagram, ѕвездата од „Очајни домаќинки“ сподели фотографија од настанот и на шега во описот напиша: „Еј Карли, можеш ли да ме слушнеш тука долу? Јас сум, Ева! Дали јас сум навистина ниска или таа е навистина висока? Што мислите?“.
На црниот тепих, Клос зачекори во припиен долг фустан со V-деколте од Мајкл Корс, додека Лонгорија избра црна комбинација од Noon By Noor и обувки од Olgana.
Лонгорија за роденденот на славната манекенка сподели фотографија на која си ја споредуваат должината на нозете.