Во рамките на Париската недела на модата, козметичкиот бренд L’Oreal организираше забава на која беа поканети бројни славни личности. Почитувајќи ја темата на забавата „Red Obsession“, најголем дел од гостинките се појавија во креации во црвена боја.
Ели Сааб ја облече блогерката Кристина Базан, Ирина Шајк ги разголи нозете и деколтето во кратко фустанче од Dior, Дауцен Крус шармираше во комбинезон со карнери, Ева Лонгорија ја истакна својата фигура во припиена креација, а Карли Клос избра фустан со исечоци од Rosie Assoulin.
На свеченоста присуствуваа и Изабели Фонтана, Тејлор Хил, Барбара Палвин, Сара Сампајо, Наташа Поли, Оливија Кулпо, Бредли Купер и Луис Хамилтон.