Ник Џонас ја побара Пријанка Чопра за жена.
По две месеци поминати заедно, 25-годишниот пејач и 36-годишната актерка се свршиле на 18 јули, на роденденот на Чопра. Според извори на списанието People, славниот музичар го поставил животното прашање за време на нејзината роденденска забава во Лондон.
„Пресреќни се“ – рекол изворот за списанието.
„Неговите пријатели и семејството никогаш не го виделе ваков и навистина се среќни за него. Тој дефинитивно има сериозни намери кон неа“ – додал изворот.
Пред неколку часа, режисерот на индискиот филм „Bharat“ на својот Twitter профил објави дека актерката ќе го напушти проектот, а неговата порака поттикна гласини за свршувачка. „Точно е, Пријанка Чопра не е повеќе дел од филмот ‘Bharat’, а причината е многу, многу специјална... Пресреќни сме за неа… Тимот ‘Bharat’ ѝ посакува многу љубов и среќа во животот“ – напиша тој и додаде љубовни емотикони.
Yes Priyanka Chopra is no more part of @Bharat_TheFilm & and the reason is very very special , she told us in the Nick of time about her decision and we are very happy for her ... Team Bharat wishes @priyankachopra loads of love & happiness for life /p>— ali abbas zafar (@aliabbaszafar) July 27, 2018
Парот беше фотографиран пред една недела.
Пријанка и Ник се во врска од мај оваа година и честопати беа фотографирани заедно од папараците. Кон средината на јуни, парот беше „уловен“ додека се упатуваше на свадба кај роднина на Ник, што ги поттикна фановите да коментираат дека врската им станува сериозна.