Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Принцот Вилијам ја побара раката на Кејт со прстенот на Дајана

Принцот Вилијам ја побара раката на Кејт со прстенот на Дајана

Принцот Вилијам ја побара раката на неговата девојка Кејт Мидлтон и кралското семејство вчера ја објави веста за свршувачката.

Вилијам ѝ предложил брак на Кејт минатиот месец додека биле на одмор во Кенија.

Прстенот со кој била „крунисана“ нивната свршувачка не е обичен прстен. Тоа е истиот свршенички прстен со кој Чарлз во 1981г. ја побара раката на принцезата Дајана.

„Тој е вистински романтичар“ – го пофалила Кејт својот свршеник, опишувајќи го моментот кога Вилијам ѝ предложил.

Принцот Вилијам и КејтЛево: принцот Вилијам и Кејт. Десно: прстенот на Лејди Ди

28-годишната Кејт признала дека предлогот за брак многу ја изненадил и дека воопшто не очекувала да се случи.

„Бевме таму со пријатели, па воопшто не очекував. Беше тотален шок. Многу сум возбудена“ – продолжила да раскажуваа среќната Кејт.

Принцот Вилијам изјавил дека и прстенот и неговата свршеница му се многу важни во животот и дека било правилно да ги соедини.

„Како што можете да го препознаете, тоа е свршеничкиот прстен на мајка ми и е многу специјален за мене, исто како што е и Кејт. Праведно беше да ги спојам двете. Тоа е мојот начин да се осигурам дека мајка ми нема да го пропушти овој ден, возбудата и фактот дека ние ќе го поминеме целиот живот заедно“ – изјавил Вилијам.

Прстенот е направен од овален сафир од 18-карати кој е опкружен со 14 мали дијаманти.

Кралската свадба се очекува да се одржи во текот на пролетта или летото наредната година.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 18956 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.