По пауза од неколку години, Лејтон Мистер му се враќа на актерството и повторно застанува под медиумската лупа.
Ѕвездата од „Gossip Girl“ сними фотосесија за списанието „Rogue“, како дел од промотивните активности за нејзината нова серија „Making History“.






30-годишната актерка стапи во брак со Адам Броди во февруари 2014 година, а во август следната година ја роди нивната ќерка Арло Деј. Тогаш таа целосно се посвети на мајчинството.