Криси Тиген ја сподели првата фотографија од ќеркичката на својот профил на Instagram. 30-годишната манекенка и Џон Леџенд на 14 април ѝ посакаа добредојде на Луна Симон Стивенс.
На фотографијата, Криси ја држи во рацете Луна и нежно ја гали по главчето, додека покрај нив седи кучето Пади.

„Тие се справуваат одлично. Среќни се. Поминаа низ толку многу за да го имаат ова дете. Возбудени се. Сите сме благословени што ја имаме неа како дел од нашите животи“ – изјавил продуцентот Мајк Џексон, кој е близок соработник на Леџенд.

Криси со фотографија го потврди доаѓањето на Луна на овој свет.
По четиригодишна врска, познатиот модел и 37-годишниот пејач се верија во декември 2011 година. Тие стапија во брак во септември 2013 година во Комо, Италија.

