Пред три дена, Адам Левин и Беати Принсло ѝ посакаа добредојде на овој свет на својата ќеркичка. Среќниот татко побрза да ја сподели првата фотографија од бебето на својот профил на Instagram.
Малото девојче, кое е прво дете на фронтменот на Maroon 5 и ангелот на Victoria’s Secret, го доби името Дасти Роуз Левин.
На црно-белата фотографија, слатката Дасти лежи на градите на својот славен татко.

37-годишниот пејач и 27-годишниот модел ја започнаа својата врска во мај 2012 година, а две години подоцна стапија во брак.


„Адам беше во породилната сала, држејќи ја раката на Беати. И двајцата плачеа кога се роди. Убава е. Личи на Беати“ – изјавил извор близок на парот.




