Адам Левин планира да заплива во брачните води. Фронтменот на Maroon 5 ја побарал за жена Беати Принсло, неколку месеци по обновувањето на врската.
Веста за свршувачката ја објавил претставник на парот и открил дека 34-годишниот пејач ѝ предложил брак на 24-годишниот ангел на Victoria’s Secret за време на изминатиов викенд во Лос Анџелес.
Адам и Беати започнаа врска минатата година, кратко време по неговата разделба со моделот Ен Ви. На почетокот на годинава извесно време ја прекинаа врската, но очигледно ги надминаа проблемите и планираат заеднички живот.