Пред неколку дена беше објавено дека Кендис Сванапул стана мајка. Прекрасниот ангел на Victoria’s Secret на Instagram сподели фотографија и го претстави пред светот своето мало синче.
На неодоливата фотографија, новороденчето Анака лежи со затворени очи и слатко се насмевнува. „Животот е сладок. Анака, 5 Октомври 2016“ – напиша среќната мајка во описот.


Анака е прво дете на 27-годишната манекенка и нејзиниот вереник Херман Николи. Врската на Кендис и Херман започна во 2005 година, а бразилскиот модел ја побара нејзината рака во август минатата година.



