Џесика Алба го прослави Божиќ заедно со семејството и најблиските пријатели. На една од фотографиите кои Алба и нејзиниот сопруг ги споделија на Instagram е прикажано среќното семејство пред голема новогодишна елка.
32-годишната актерка организира празнична забава на која присуствуваше и нејзината најблиска пријателка Џејми Кинг со својот сопруг Кајл Њуман и малиот син.
На забавата најмалите гости ги забавуваше братот на Џесика, Џошуа Алба, кој беше облечен како зајак.
Џесика сподели и фотографии со баба си и дедо си, како и фотографија направена по отворањето на подароците.