Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Почина основачот на IKEA: Факти кои можеби не сте ги знаеле за Ингвар Кампард

Почина основачот на IKEA: Факти кои можеби не сте ги знаеле за Ингвар Кампард

Вчера во сон почина Ингвар Кампард, таткото на IKEA. Популарниот магнат издиша за последен пат на 91-годишна возраст.

Иако беше еден од најбогатите луѓе на светот, Ингвар беше познат по штедливоста, па постојат многу анегдоти кои се сврзуваат со неговиот стил на живот.

Прочитајте неколку факти кои можеби не сте ги знаеле за основачот на најголемиот синџир на продавници за мебел:

Ikea
  • Ингвар започнал да се занимава со бизнис на 5 години. На почетокот им продавал кибритчиња на соседите, а потоа со својот велосипед патувал сè подалеку за поголем профит. Од кибритчиња тој подоцна се префрлил на продажба на риба, божиќни декорации и мали предмети како пенкала.
  • Ја основа IKEA на 17 години. Да, тешко е да се поверува дека компанијата која денес има 412 продавници на 49 пазари беше основана од тинејџер во 1943 година во Шведска. Но, Ингвар смело влегол во бизнисот на млада возраст, примајќи нарачки преку пошта. Пет години подоцна, тој започнал да продава мебел, а 20 години по лансирањето, се проширил во Норвешка.
  • IKEA е акроним. Името IKEA е акроним од неговите иницијали (Ingvar Kamprad), плус почетните букви на семејната фарма на која се родил (Elmtaryd) и блиското село (Agunnaryd). Ikea
  • И покрај тоа што имал огромно богатство, купувал облека на старо (втора употреба) и пазарувал на болвини пазари. „Мислам дека немам носено нешто што не е купено на болвин пазар“ – изјави тој.
  • Возеше Volvo старо 15 години, користеше јавен превоз, никогаш не леташе со авион во прва класа... Ингвар беше дециден кога станува збор за трошењето пари. Возеше автомобил стар 15 години, секогаш леташе во економична класа, одбиваше да се вози со такси и користеше метро и автобуси и долги години живееше во Швајцарија за да ги заобиколи строгите шведски закони за даноци. Има гласини и дека ги користел кесичките за чај по неколку пати и дека собирал пакетчиња со сол и црн бибер од рестораните. „Обично се потстрижувам кога сум во земја во развој. Последниот пат беше во Виетнам“ – има изјавено тој.
Ikea

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20407 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.