Македонската јавност денес беше потресена од веста за смртта на Влатко Илиевски. Според информации од МВР, популарниот пејач беше пронајден мртов во својот автомобил синоќа околу 23 часот.
Сè уште нема информации за причината за смртта.
„На 06.07.2018 година околу 23.00 часот во Скопје, на ул.„3-та Мак.Бригада“, во патничко моторно возило 'Тојота' пронајден е починат В.И. (33) од Скопје. Увид на лице место извршил Јавен обвинител и увидна екипа на СВР-Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција“ - стои во соопштението од МВР.
Влатко, кој беше дел од групата Морал, пред само пет дена го прослави својот 33. роденден. Тој ја претставуваше Македонија на Евровизија во 2011 година со песната „Русинка“.
Пред 20 часа, Илиевски имаше објавено две свои фотографии на Facebook.