Познатата холивудска актерка Британи Марфи ненадејно почина утрово од срцев удар. Нејзиното срце престанало да чука, а обидите за реанимација за жал биле неуспешни.
Британи имаше 32 години.
Според TMZ, од домот на нејзиниот сопруг Сајмон Монџек била повикана итна помош околу 8:00 часот. Британи била пронајдена онесвестена под тушот од страна на мајка ѝ. Кога била однесена на болница, веќе било доцна и лекарите само ја констатирале нејзината смрт.
Британи беше ѕвезда на филмови како „Clueless“, „8 Mile“, „Don't Say a Word“ и „Girl, Interrupted“. Нејзин последен голем филмски хит беше „Sin City“ во 2005г.