Вчера во Москва беше презентиран најновиот календар на Pirelli. Календарот е дело на познатиот моден дизајнер и фотограф Карл Лагерфелд.
Темата на ова 38-мо издание на календарот е „Митологија“. Сите 36 фотографии се црно-бели и на нив се прикажани 15 женски и 5 машки модели, плус актерката Џулиен Мур која позира како Хера.
На провокативните фотографии сите модели позираат како грчки или римски богови и митолошки суштества.
„Актерки и модели ги оживуваат овие нови херои и го отсликуваат новиот концепт на убавото“ – изјавил Лагерфелд.
Лагерфелд ги снимил фотографиите во своето студио во Париз.