За првпат во популарниот календар на Pirelli ќе биде покажано трудничко стомаче. „Vanity Fair Italy“ ексклузивно објави фотографии на кои Адријана Лима позира разголувајќи го својот стомак. 31-годишната манекенка со сопругот Марко Јариќ го очекуваат своето второ дете.
Фотографиите се направени за време на фотосесии низ Рио де Жанеиро од фотографот Стив МекКари.
Освен Лима, фотографирани се уште 11 популарни дами кои поддржуваат фондации, невладини организации и хуманитарни проекти, меѓу кои и Изабели Фонтана и Петра Немцова. Новиот календар кој ќе биде објавен во декември се нарекува и „календар на душата“.
Објавените фотографии не покажуваат голотија, но не се знае дали финалните фотографии ќе ја следат традицијата на календарот за покажување на целосно голи тела.