Паулина Поризкова е уште еден доказ дека годините се само обична бројка. За најновото издание на списанието Sports Illustrated Swimsuit, 53-годишниот модел позираше топлес во танга и слободно може да се каже дека изгледа неверојатно.
Згодната Чехинка за првпат позираше за Sports Illustrated Swimsuit во 1983 година, а во 1984 година стана првата жена од Централна Европа која била на насловната страница на списанието.
Најновата фотосесија беше направена на плажа во Кенија од страна на фотографот Ју Тсаи. Ова е 10-та фотосесија на Паулина за ова списание.
Видеа од снимањето
Во интервју за People, Поризкова зборуваше за чувствата што е „најстарата девојка“ во годинешното издание, за позирањето во бикини во 50-тите години и за нејзиното враќање во SI.
За моментот кога ја добила понудата: „Мојата прва помисла беше дека е неверојатна идеја да се стави жена на моја возраст во SI како една од многуте ‘девојки’. Јас, како најстара ‘девојка’ во SI. Мојата втора помисла беше дека тоа значи дека ќе морам да позирам во бикини со куп 20-годишни девојки. Чувството истовремено беше возбудливо и вознемирувачко. Иако сум категорична дека повозрасните жени се секси и убави, јас не се чувствувам секогаш така. Но, не доаѓаше предвид да ја одбијам понудата. Бев поласкана што ме поканија да ги срушам бариерите“.
За фотосесијата: „Сметам дека е потребна огромна храброст да бидеш жена од над 50 години со целулит, брчки и висната кожа и сè уште да позираш како да заслужуваш да те гледаат, да те посакуваат“.
„Не се срамам од моето тело, а не треба да се срамите ниту вие, без разлика колку години имате.“
„Мое мислење е дека ништо не старее побавно од самодовербата на убава жена“ – вели Паулина.
Минатата година, таа позираше како од мајка родена за Sports Illustrated Swimsuit 2018, како дел од специјална фотосесија која имаше цел да ги охрабри жените.