Почетна » Новости » Мода » Кели Хјуз – првиот модел кој ја покажува лузната од царскиот рез во фотосесија по бикини за SI

Кели Хјуз – првиот модел кој ја покажува лузната од царскиот рез во фотосесија по бикини за SI

Кели Хјуз е првата жена чија лузна од царски рез ќе биде видлива во Sports Illustrated Swimsuit.

Во 58-годишната историја на изданието посветено на костимите за капење, оваа година за првпат ќе биде прикажан белег од овој тип.

Хјуз позираше во неколку модели на бикини за фотосесијата снимена на плажа во Мајами.

Кели Хјуз Кели Хјуз Кели Хјуз

Кели се породи пред 3 години, но токму поради лузната не се чувствувала самоуверено во своето тело. „Се борев со несигурностите од мојата лузна, бидејќи сум модел и имав многу тешко закрепнување, но ја почувствував вистинската моќ на мојата лузна дури откако ја прифатив“ – напиша таа на Instagram.

Sports Illustrated Swimsuit во 2015 година ја покани Ешли Грем да стане првиот модел со облини кој има позирано за списанието. Халима Аден во 2019 беше првиот модел со хиџаб и буркини, а Валентина Сампајо во 2020 година стана првата трансродова личност која позираше за Sports Illustrated Swimsuit.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20803 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.