За Паулина Поризкова времето како да застанало. 56-годишната Чехинка позираше како од мајка родена за фотосесија за „Los Angeles Magazine“.
Фотографиите од атрактивниот модел биле објавени без каква било дигитална обработка.
„Горда сум што ја имам насловната станица и што сум дел од ова списание посветено на дискриминацијата на луѓето врз основа на возраста. Напредуваме во славењето на убавината која доаѓа во различни бои и големини, но возраста е нешто кое допрва треба да го пробиваме.“
„Не, јас не изгледам толку гламурозно во нормален ден. За овој изглед потребни беа 2 часа за подготовка на професионална шминка и фризура. Одлично осветлување и талентиран фотограф. Но, резултатот сум јас во најдобро издание – без обработување и без филтри“ – додава Паулина.
Поризкова две години има позирано топлес за Sports Illustrated Swimsuit.