Новак Ѓоковиќ започна нов поход за освојување на 25-тата Грен Слем титула во Мелбурн.
Пред да извојува победа над Нишеш Басавареди, 37-годишниот српски тенисер уживаше и ги полнеше батериите на плажа со семејството. Тој беше снимен додека ја учеше ќеркичката Тара како да сурфа на вода. Во меѓувреме, синот Стефан и сопругата Јелена исто така се обидуваа да сурфаат.
Снимката стана хит на социјалните мрежи:
— frani2312mediamedia account (@frani2312media) January 12, 2025
Ова е првпат целото семејство Ѓоковиќ да престојува во Австралија за тенискиот турнир. Во изминатите години, Новак и Јелена не сакаа да ги носат децата на толку далечно патување, затоа што тие беа мали.
Новак 10 пати има победено на Австралија Опен.