Бенхамин Рохас сподели неодоливи фотографии со малата ќерка по повод Денот на таткото, кој вчера се одбележуваше во многу земји од светот, вклучително и неговата татковина Аргентина.
34-годишниот актер, познат по улогата на „Пабло“ во серијата „Млади бунтовници“, ги објави фотографиите со ќеркичката Рита на Instagram и напиша: „Денес се прегрнавме толку силно, што оставивме три држави без струја. Мојот прв ден во кој те славам тебе. Те сакам Рита“.



Неговата сакана Мартина Санчез му посака „Среќен Ден на таткото“ со фотографии на популарната социјална мрежа.


Рохас редовно споделува фотографии со Рита со своите милион следбеници.
Тој стана татко неколку дена пред Нова година. Непосредно по враќањето дома со малото бебенце и саканата Мартина Санчез, тој сподели фотографија и ја објави среќната вест.
„Дојде за да ми го преврти светот наопаку. И го постигна тоа. Денес се вративме дома откако поминавме 13 дена на оддел за неонатологија, место кое никогаш нема да го заборавам, поради професионалноста и љубовта која ја имаат за да се справуваат со толку деликатна работа... Таму поминавме низ сите емоции со мајката. Таму ги поминавме Божиќ и Нова година. Поминавме сè. Но, вредеше. Добредојде љубов моја. Сега, навистина е среќна година за сите“ – напиша тој во описот.
