Бенхамин Рохас и Мартина Санчез несомнено уживаат во улогата на родители.
33-годишниот актер и неговата сакана објавија слатки семејни фотографии на кои позираат со малата ќеркичка Рита.



Фотографиите се направени во домот на пријател на Рохас.





Парот ја доби својата ќерка пред Нова година, но среќната вест ја објави на 4 јануари, бидејќи бебето морало да помине одредено време во одделот за неонатологија.
„Дојде за да ми го преврти светот наопаку. И го постигна тоа. Денес се вративме дома откако поминавме 13 дена на оддел за неонатологија, место кое никогаш нема да го заборавам, поради професионалноста и љубовта која ја имаат за да се справуваат со толку деликатна работа... Таму поминавме низ сите емоции со мајката. Таму ги поминавме Божиќ и Нова година. Поминавме сè. Но, вредеше. Добредојде љубов моја. Сега, навистина е среќна година за сите“ – напиша тој во описот на првата фотографија со ќерката.




Бенхамин и Мартина се во врска 7 години.
Бенхамин кај нас е познат по улогата на Пабло во хит-серијата „Млади бунтовници“.

