Почетна » Новости » Шоу-бизнис » „Очајно си ми потребен“: Тамара Тодевска на 6-годишнината од смртта на Влатко Илиевски

„Очајно си ми потребен“: Тамара Тодевска на 6-годишнината од смртта на Влатко Илиевски

Поминаа шест години од смртта на македонскиот пејач Влатко Илиевски.

За да му оддаде почит на својот прерано починат пријател, Тамара Тодевска сподели објава со емотивен текст. На нивна фотографија од заеднички настап, 39-годишната пејачка напиша:

„6 години непребол...“
„6 години без мојот најдобар другар...“
„Влатче, очајно си ми потребен.“
„1985-2018 Влатко Илиевски“

Влатко Илиевски

Тамара и Влатко беа многу блиски и пред 5 години во емисијата „Б со Точка“ за не него низ солзи изјави:

„Тој беше добар човек, беше многу добро дете, една таква светла точка во мојот живот, човек со кој го поминав детството. Памтам како вчера да беше кога се сретнавме во парк. Се спријателивме уште првиот ден и како што се спријателивме, повеќе не се разделивме. Немаше ден да не се слушнеме“.

Влатко, кој беше дел од групата „Морал“ беше пронајден мртов во својот автомобил на 6 јули 2018 година. Тој ја претставуваше Македонија на Евровизија во 2011 година со песната „Русинка“.

Влатко Илиевски

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19765 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.