Јелена Јованова Периќ и Сашко Коцев ја насмеаја публиката на „Браќа Манаки“ и пленеа со стил и харизма на црвениот тепих во Битола.
На отворањето на Фестивалот на филмска камера, македонските актери се појавија во отмени стајлинзи.
38-годишната ѕвезда од „Преспав“ избра бежов костум со црна цветна декорација од бутикот „Ермитаж“ додека 41-годишниот глумец и комичар носеше класично црно одело.
Јелена и Сашко моментално се актуелни со заедничкиот филм „Нешто слатко“.
Фото: Ивона Кочов / Femina.mk