Само еден месец откако ја објавија својата свршувачка, Орландо Блум и Миранда Кер го кажаа судбоносното „да“ на интимна церемонија далеку од будното око на папараците.
Во моментов 27-годишната убавица и 33-годишниот шармер се на своето свадбено патување. Потврда за тоа е и изјавата на самата Кер во која објаснува зошто не се појавила во австралиска продавница на марката David Jones. Во соопштението пишува:
„Дејвид Џоунс многу великодушно ме ослободи во овој период за да можеме да прославиме интимна церемонија и свадбено патување. Многу му благодарам што ми го даде ова време за да уживам во толку специјален момент од мојот живот.“
Орландо Блум и Миранда Кер беа во врска 3 години пред да стапат во брак.