Почетна » Новости » Шоу-бизнис » „Ова што го доживеав во Скопје не се опишува со зборови“: Марија Шерифовиќ импресионирана од публиката во Македонија

„Ова што го доживеав во Скопје не се опишува со зборови“: Марија Шерифовиќ импресионирана од публиката во Македонија

Марија Шерифовиќ остана без зборови од прекрасната публика која го следеше нејзиниот концерт во Скопје и пееше на цел глас заедно со неа.

Српската пејачка настапуваше во Арената „Борис Трајковски“ и беше одушевена од атмосферата. Илјадници фанови, ѕвездено небо, громогласни аплаузи, јадење ајвар на сцената и неповторливи моменти ѝ го направија престојот во Скопје незаборавен.

Марија Шерифовиќ Марија Шерифовиќ Марија Шерифовиќ Марија Шерифовиќ

По завршувањето на музичкиот спектакл, Шерифовиќ импресионирана сними видео во кое ги сподели своите импресии и благодарности до македонската публика.

„Сакам да изјавам за медиумите дека ова што го доживеав вечерва во Скопје и во Македонија не се опишува со зборови. Како што реков и на концертот, ме оставивте без текст. Не знам што да речам, не знам што се случи вечерва, кои планети и комети се споија, какви луѓе сте, каква публика сте, што е ова. Драги господа, беше неверојатно голема чест и задоволство да се пее за сите вас. Ве сакам до бесвест. Многу ви благодарам“ – вели таа во видеото.

Марија Шерифовиќ Марија Шерифовиќ Марија Шерифовиќ

Од Pragma Music Entertainment објавија и албум со фотографии.

Марија Шерифовиќ Марија Шерифовиќ Марија Шерифовиќ

Наскоро, Марија ќе објави влог со моменти од Македонија.

Марија Шерифовиќ Марија Шерифовиќ Марија Шерифовиќ Марија Шерифовиќ Марија Шерифовиќ Марија Шерифовиќ Марија Шерифовиќ Марија Шерифовиќ Марија Шерифовиќ

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20942 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.