Во изминатиов период, Кети Пери и Орландо Блум честопати беа фотографирани заедно на холивудските забави и свечености, па се засилија гласините дека тие се во љубовна врска. Нови фотографии од нивниот одмор на Хаваи ја потврдија нивната романса.
На фотографиите, 39-годишниот актер и 31-годишната пејачка прегрнати и фатени за рака уживаат на островот Кауај.



„Изгледаа заљубени“ – објаснил извор за Entertainment Tonight, кои ги објавија фотографиите. „Им беше удобно да им дозволат на сите да ги гледаат како пар – многу прегратки и држење за раце. Изгледаа многу романтично, двајцата се смееја постојано и изгледаше како да уживаат“ – додал изворот.

















Блум претходно беше во брак со Миранда Кер, а се разделија во 2013 година. Пери исто така зад себе има еден брак. Таа се разведе од Расел Бренд во 2012 година.