Анџелина Џоли заслужено добива аплаузи за портретирањето на Марија Калас во новиот филм „Maria“.
Холивудската актерка влезе во улогата на грчката оперска дива во новото филмско остварување на режисерот Пабло Ларејн.
На премиерното прикажување на филмот на Фестивалот во Венеција, Џоли беше наградена со 8-минутни стоечки овации за маестралната глума. Се очекува оваа година таа да биде една од фаворитките за Оскар за Најдобра актерка.
Погледнете го првиот краток трејлер за филмот:
Сцена од филмот:
Џоли вели дека отсекогаш пеењето ѝ било голема несигурност, но е среќна што го прифати овој предизвик и оваа улога.
„Сè уште ми е нереално. Пред неколку дена ми се јавија дека излегува албумот, а мене сè уште не ми се верува. Пеењето ми беше една од најголемите несигурности, сè уште ми е несигурност. Но, среќна сум што можев да ги имам сите тие часови, што можев да учам, да бидам тренирана и поддржувана.“
„Всушност, ги охрабрувам сите. Ако мислите дека не можете да пеете или ако никогаш не сте пробале, едноставно одете на час и запејте на цел глас барем еднаш во животот. Тоа ти дава многу големо ослободување“ – рекла таа.