Ѕвездата на серијата „How I Met Your Mother“, Нил Патрик Харис, и неговиот долгогодишен партнер Дејвид Бурка очекуваат близнаци од сурогат мајка. Се очекува бебињата да се родат оваа есен.
37-годишниот актер ја потврдил оваа вест преку Twitter. „Со Дејвид очекуваме близнаци оваа есен. Ние сме супер возбудени/нервозни/воодушевени“ – напишал тој.
Харис и 35-годишниот Дејвид се заедно од април 2004г., а за прв пат се појавија во јавноста како пар на доделувањето на „Еми“ наградите во 2007г.
Харис е најпознат по улогата на женкарот Барни Стинсон во популарната комедија „How I Met Your Mother“, за којашто е номиниран за три Еми награди.