Бившата „очајна домаќинка“ Николет Шеридан поднесе тужба против телевизијата ABC и авторот на хит серијата „Очајни домаќинки“, Марк Шери, за нанесени емоционални и физички повреди.
46-годишната Шеридан бара да ѝ бидат исплатени 20 милиони долари, тврдејќи дека Марк ја удрил по главата, а кога се обидела да се пожали била отпуштена.
„На 24 септември 2008г., за време на една од пробите за шоуто, кога Шеридан го прашувала Шери за нешто од сценариото, тој силно ја удрил со раката по главата и лицето“ – пишува во тужбата.
Изненадена од нанесениот удар, Шеридан уште тогаш му рекла на Шери: „Тукушто ме удри по главата. Тоа не е во ред. ТОА НЕ Е ВО РЕД.“
Четири месеци по инцидентот, ликот на Николет Шеридан во „Очајни домаќинки“ бил убиен и таа била отпуштена.
Како реакција на тужбата, претставник на ABC изјавил: „Иако допрва треба да ја разгледуваме тужбата, имаме истражувано слични обвинувања од Шеридан минатата година и откривме дека се без основа.“
Навистина настаните околу тужбата наликуваат на драмата што се случува во серијата „Очајни домаќинки“.