Никола Роквиќ пешки оди 1.060 километри со цел да собере средства за детската онкологија.
Додека ја исполнува својата хумана мисија, 38-годишниот српски пејач сред пат беше пресретнат од сопругата Бојана Баровиќ и нивните три деца. Тие му подарија прегратки и бакнежи пред да го продолжи својот пат кон островот Егина каде ќе се поклони на Свети Нектариј Егински.

„Денес накратко го посетивме тато и го чекаме за недела дена да го прославиме најрадосниот празник заедно“ – напиша Бојана која ќе го чека својот сакан за Велигден во Македонија, каде заедно ќе го прослават големиот христијански празник.
„Долго се подготвуваше за овој подвиг, така што е навистина физички и психички подготвен. Него го подготвуваа луѓе кои се занимаваат со екстремни маратони, така што тој веќе знае што го чека на овој негов пат. Верувам дека ќе биде сигурно тешко во некои моменти, но иако можеби телото ќе му ослаби, верувам дека умот нема, а тоа е она што е најважно“.
„Ова е незапаметен подвиг, но не очекувавме ваков одзив. Јас со децата тргнувам на пат, ќе му се придружиме на патот. За време на Велигден тој ќе биде во Македонија, па таму ќе се сретнеме. Заедно ќе бидеме два дена, тоа е она што им е најважно на децата и него“ – објаснила Бојана.

Мисија на Никола е да собере средства за купување апарат за дијагностицирање на рак на мозокот кај децата и за реновирање на детската онкологија. За тоа му се потребни 200 илјади евра, а тој денес објави дека веќе има собрано 6 милиони динари.


Пејачот сподели дека по патот има граѓани кои му помагаат, давајќи му вода, овошје и цедени сокови. Бројни се луѓето кои уплаќаат пари и спроведуваат акции за да му помогнат да си ја постигне хуманата цел.

Пред да замине на патувањето, Никола и неговата сопруга Бојана споделија дека ја основале Фондацијата „Семејство“, која ќе се занимава со зачувување на традиционалните вредности и семејството како институција и како светост. Фондацијата ќе им помага на многудетни семејства, како и на загрозени, талентирани и болни деца.
„Нашата прва мисија ќе биде помагање на детската онкологија“ – рече Бојана.
