Никол Кидман и Кит Урбан вчера ја изненадија јавноста со веста дека добија ќерка.
Малото бебенце било родено на 28 декември од сурогат-мајка, а го добило името Фејт Маргарет Кидман Урбан.
„Нашето семејство е навистина благословено и толку многу благодарно затоа што го добивме овој дар, бебето Фејт Маргарет“ – се вели во соопштението на познатиот пар.
Иако бебето било родено од сурогат-мајка, Никол и Кит се негови биолошки родители.
43-годишната актерка и нејзиниот сопруг веќе се родители на 2-годишната Сандеј Роуз, а Никол има и две посвоени деца со нејзиниот бивши сопруг, актерот Том Круз.