Никол Кидман неколку дена престојуваше со своето семејство во Австралија.
49-годишната актерка беше фотографирана со двете ќерки и 49-годишниот сопруг Кит Урбан на аеродром во Сиднеј. Кидман со насмевка ги водеше за рака 8-годишната Сандеј Роуз и 6-годишната Фејт Маргарет, а многумина коментираа дека девојчињата се копии на својата славна мајка.
Пред неколку дена Никол, Кит и двете ќерки беа фотографирани при пристигнувањето во Австралија.
Неодамна, австралискиот весник „New Idea“ објави дека познатите ѕвезди бараат сурога-мајка која ќе го носи нивното заедничко трето дете. Засега, овие информации се само шпекулации, бидејќи не се потврдени од парот. Втората ќерка на Кит и Никол, Фејт Маргарет, е родена од сурогат-мајка.
На почетокот од годината, Никол изјавила дека би сакала да има уште деца со својот сопруг. „Јас и Кит би сакале да имаме уште бебиња. Баба ми ја роди мајка ми на 49 години. Би била пресреќна и би го прифатила тоа со раширени раце“ – рекла таа.
Кидман има посвоено и две други деца додека беше во брак со актерот Том Круз.