Почетна » Новости » Шоу-бизнис » „Низ град со Кики“: Ново урбано шоу за убавата страна на Скопје најавено со забавен бранч

„Низ град со Кики“: Ново урбано шоу за убавата страна на Скопје најавено со забавен бранч

Скопје низ позитивна призма и интересите на тинејџерите ќе застанат во фокусот на новата емисија „Низ град со Кики“. Серијалот ќе истражува најразлични теми како едукација, музика, мода, филм, спорт и здравје, а Кики Мукаетова ќе нè зближува со соговорници чие мислење вреди да одекне меѓу младите.

По повод емитувањето на првата епизода на МРТ1, беше одржан забавен бранч во Diamond Mall на кој Кики накратко образложи од каде потекнала идејата и што да очекуваме.

Низ град со Кики Низ град со Кики

Еј кај си? – Низ град 😄

Вака мене ми почнуваат разговорите со другарките, другарите, родителите. Мене, а верувам и на многу други.

Скопје е мој град, на кој искрено се радувам секој пат кога ќе излезам навечер, дење на кафе со другарките, секогаш кога се враќам од некое патување. И секој пат сакам да ја видам неговата УБАВА страна, а не полните контејнери, искршените лулашки и клупи. ЈА САКАМ убавата страна на градот. А ретко кој нè прашува нас тинејџерите, што НИЕ сакаме? Епа еве: искрен разговор, позитивни модели на идентификација, нова убава музика, нови содржини и нови предизвици кои ќе нè направат да се чувствуваме корисни и вредни за внимание. Накратко, тоа е НИЗ ГРАД СО КИКИ: музика, филм, театар, мода, фитнес, здравје и СÈ што може да значи додадена вредност во нашето секојдневие, раскажано низ позитивни примери кои заслужуваат внимание и простор во медиумите.

Калиопи и Викторија Лоба, која гостуваше во првата епизода, беа меѓу присутните на дружбата во Tribeca Caffe.

Низ град со Кики Низ град со Кики Низ град со Кики Низ град со Кики Низ град со Кики Низ град со Кики Низ град со Кики Низ град со Кики Низ град со Кики Низ град со Кики Низ град со Кики Низ град со Кики Низ град со Кики Низ град со Кики Низ град со Кики Низ град со Кики Низ град со Кики Низ град со Кики Низ град со Кики Низ град со Кики Низ град со Кики Низ град со Кики Низ град со Кики Низ град со Кики Низ град со Кики Низ град со Кики Низ град со Кики Низ град со Кики Низ град со Кики Низ град со Кики Низ град со Кики Низ град со Кики Низ град со Кики Низ град со Кики Низ град со Кики Низ град со Кики Низ град со Кики Низ град со Кики Низ град со Кики Низ град со Кики Низ град со Кики Низ град со Кики Низ град со Кики

„Низ град со Кики“ е резултат на цела година истражување и разменување мислења со експерти од разни сфери и личности од јавниот живот во Македонија.

Премиерно ќе се емитува еднаш неделно на МРТ1, секоја сабота во 19 часот, а потоа на каналите на социјалните мрежи.

Низ град со Кики

Фото: Ерина Богоева / Femina.mk

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 18702 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.