Талија Соди влезе во улога на водителка на овогодишното издание на Латино-американските музички награди.
52-годишната пејачка и актерка, позната по улогата на Росалинда во истоимената серија, заведуваше во неколку различни стајлинзи за време на манифестацијата.
На црвениот тепих, убавата Мексиканка пристигна во црвено од глава до пети. Својот изглед таа го зачини со огромен шешир кој совршено се вклопи во нејзината модна комбинација.
Во текот на вечерта Талија промени уште неколку аутфити.
¡Que hermosa mi #Wendy! #Thalia no se diga una reina absoluta. https://t.co/fRuZQBk00Y
— Marco A. Urueta (@MarcoAUrueta) April 26, 2024