За Гвен Стефани часовникот како да застанал. Популарната пејачка изгледа барем една деценија помладо и редовно добива комплименти за младешкиот изглед.
Во изминативе денови, 47-годишната пејачка ја промовираше новата сезона на шоуто „The Voice“, а за своите гостувања во медиумите избираше впечатливи стајлинзи кои воопшто не ја издаваа нејзината возраст.
Како заштитно лице на козметички бренд, Стефани присуствуваше и на настанот „Избери љубов“ во Њујорк. Пред присутните и фоторепортерите таа позираше во краток фустан од Давид Кома и високи чизми.



Во шоуто на Џими Фелон, Гвен се појави во светкав мини фустан.




За шоуто „Today“, таа носеше креација од руската модна куќа Yanina и црни чизми од брендот Casadei.

