Списанието People ја состави листата на најубави луѓе за 2010 година. Погледнете дел од славните личности кои успеаја да си обезбедат место оваа година.
Julia Roberts
Џулија Робертс на 42-годишна возраст по четврт пат ја предводи листата за најубави личности. Ѕвездата од легендарниот филм „Pretty Woman“ сè уште плени со својата широка препознатлива насмевка и харизма.
За нејзината убавина, шармантниот Џорџ Клуни има изјавено: „Тоа нема врска со начинот на кој што изгледа. Има врска со тоа која е таа“.