Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Најубавите жени на филмското платно 2011

Најубавите жени на филмското платно 2011

Француската актерка Изабела Аџани е прогласена за најубава жена на филмското платно од весникот Los Angeles Times.

55-годишната актерка, позната од филмовите „Queen Margot“ и „Possession“, успеа да победи многу помлади нејзини колешки и застана на врвот на листата.

Изабела АџаниИзабела Аџани

Зад неа се најдоа легендарните Брижит Бардо, Ким Бесинџер и Моника Белучи, а на петто место остана Хали Бери.

Најмладата актерка која се најде на листата е Блејк Лајвли која го зазеде 30-тото место.

Една од најубавите жени во Холивуд, Анџелина Џоли, е на 23-тото место, едно место по модната икона Одри Хепберн, а едно пред неверојатната Грејс Кели.

Бијонсе го доби 25-тото место, Џенифер Лопез 31-вото, Мерилин Монро 34-тото, Мишел Фајфер 37-тото, Џулија Робертс 40-тото, Шерон Стоун е на 43-тото, Елизабет Тејлор на 44-тото, а Кертин Зета-Џонс го зазеде последното 50-то место.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 18961 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.