Почетна » Новости » Шоу-бизнис » „Најголемиот подарок е син ми“: Марија Шерифовиќ со синчето во рацете на фотографиите за 40-тиот роденден

„Најголемиот подарок е син ми“: Марија Шерифовиќ со синчето во рацете на фотографиите за 40-тиот роденден

Марија Шерифовиќ денес полни 40 години.

За да го одбележи овој јубилеј, српската пејачка сподели две фотографии со синчето Марио, кое го смета за најголемиот подарок од животот досега.

На едната фотографија, Марија и Марио се на плажа, а на другата носат златни роденденски капи додека стојат на балкон.

Марија и Марио Марија и Марио

Еве го текстот од нејзината објава:

Четириесет години... Патување исполнето со предизвици и победи!

Секоја година ми даваше нешто скапоцено – лекции, љубов, сила, а понекогаш и тишина која ме потсети на тоа колку е важно да застанам и да бидам благодарна.

Но, најголемиот подарок кој животот можеше да ми го подари е мојот син. Мое сонце и најубави зраци. Мој мал Прц и Принц. Мој мал учител. Тој е причината поради која секој момент добива длабоко значење.

Ти благодарам животе на сите искуства, на сите луѓе кои поминаа низ мојот свет, на секој момент кој ме обликуваше. Оние кои го сочинуваат мојот живот денес се сè што ми треба.

Нека следните четири децении бидат уште подлабоки и поблиски до она што навистина значи да се живее. На секој чекор, со благодарност во срцето.

На здравје,
Со љубов, М

Марија стана мајка во декември минатата година со помош на сурогат-мајка. Оттогаш постојано споделува колку е среќна со синчето Марио.

Марија Шерифовиќ Марија Шерифовиќ со синот Марија Шерифовиќ со синот

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19739 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.